×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски и советниците кои го суспендираа ДУП-от лично да ја платат штетата, побараа од СДСМ

    11.04.2024 12:57 | Оливера Пешевска

    Ќе собере ли храброст градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски најпрвин да им се извини на кумановци, а потоа заедно со неговите марионети од мнозинството во Советот, советниците на ЗНАМ, ВМРО - ДПМНЕ и Левица, лично да си ја платат штетата која по некои груби процени ќе биде повеќемилионска, а за која е виновен само тој, прашаа од советничката група на СДСМ на денешната прес-конференција, откако Уставниот суд ја укина одлуката на Советот за суспендирање на ДУП-от кај „Школската амбуланта“ .

    Димитриевски и советниците кои го суспендираа ДУП-от лично да ја платат штетата, побараа од СДСМ

    „Градоначалникот Димитриевски да одговори на јавноста и на кумановци (како даночни обврзници) како големи средства “пари на граѓаните“ ќе завршат на сметка на приватни инвеститори. И покрај тоа што неговите служби назначени од него го одобриле барањето за градење и изготвиле договор за надомест на Уредување на градежно земјиште, самиот градоначалникот не сакал да го потпише. Сега кога се исцрпени сите правни лекови и механизми по кои градоначалникот можеше да одолговлекува и да се пресметува со неистомислениците и нема веќе простор за глумење жртва бараме да се поднесе одговорност, бидејќи сите инстанци - Министерството за транспорт и врски, Управниот и Уставниот суд даваа мислења и одлучија во иста насока“, истакна советникот Александар Јовановски.

    Тој апелираше да се изнајде начин да се издаде одобрение за градба и да престане самоволието на градоначалникот, затоа што во спротивно цената од штетата по основ на камати ќе расне од ден на ден.

    „Во минатото го слушавме како само тој го штител јавниот интерес, а сега се претставува како голем патриот па би сакале да го потсетиме дека патриотизам е и почитување на законите и нивно спроведување“, кажа Јовановски.

    Тој потсети дека Уставниот суд пред два дена ја укина одлуката за забрана за примена на ДУП-от кај Школска амбуланта, која ја изгласа мнозинството во Советот, а советничката група на СДСМ и коалицијата гласаше против и сугерираше дека е незаконска.

    На оваа локација е предвидена изградба на една зграда од 7 ката и неколку објекти од 4 ката, а не 11-катница како што се шпекулираше во јавноста, кажа Јовановски.