Дојава за бомба во училиштето „Магдалена Антова“ во Карпош
07.02.2025 09:08
| KumanovoNews
Основното училиште „Магдалена Антова“ во населбата Карпош утринава добило дојава за поставена бомба во училишната зграда.

Дојавата пристигнала на официјалниот мејл на училиштето, а надлежните реагирале според протоколот.
„Известена е полицијата и веќе се во училиштето, каде се вршат проверки. Се е во ред, децата и колегите ги напуштија просториите“, објасни директорот Живко Стојковски.
Полицијата ги проверува просториите во училиштето. По завршувањето на увидот ќе се знае дали и кога ќе се продолжи со работа.