Измени на развојната програма и буџетот, донесување на ДУП, помош на „Пазаришта“, дел од точките на седница на Совет
Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница.

Дневен ред:
1. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2025 година;
2. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2025 година;
3. Предлог – Одлука за распределба на финансиски средства наменети за организирање на превентивни мерки и активности од областа на социјалната и детската заштита за 2025 година;
4. Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие „Пазаришта“ – Куманово;
5. Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2025 година;
6. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „1“, дел од УБ 23-б, плански опфат помеѓу граница на УЕ, регионален пат Р1204, ул. „3-та МУБ“, граница на наменска зона по ГУП – Општина Куманово;
7. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2025 година;
8. Предлог – Одлука за прифаќање на донација;
9. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за формирање на Комисија за процена и утврдување на висината на штетата од природни непогоди и други несреќи на подрачјето на Општина Куманово;
10. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за именување на членови на Штаб за заштита и спасување во Општина Куманово.