×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Досега девет кандидати за претседател на државата

    23.02.2024 10:51 | Оливера Пешевска

    Девет кандидати ќе се борат за претседателскиот мандат на пролетните избори, а собирањето на потписи започнува од денеска и ќе трае до 8 март. Пријавени се поголем број на кандидати од последните избори пред 5 години, кога седум кандидати се бореа за претседателското столче.

    Досега девет кандидати за претседател на државата

    На изборното ливче повторно ќе се најде двојката Стево Пендаровски, актуелен претседател, предлог на СДСМ и професорката Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалниците Стевчо Јакимовски од Гром и Максим Димитриевски од Знам, Арбен Таравари ја доби поддршката на албанската опозиција, а ДУИ го предложи нивниот министер за надворешни работи Бујар Османи. Левица ја кандидираше професорката Билјана Ванковска, доктор Вело Марковски ќе собира потписи како независен кандидат, а свој претставник ќе има и Бошњачкиот демократски сојуз, чиј кандидат е Мерсиха Смаиловиќ.

    Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател започнува денеска и ќе трае до 8 март, согласно роковниците на Државната изборна комисија (ДИК).

    Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи, а партиите треба да достават најмалку 30 потписи од пратениците до ДИК.