Дудучки кумoви на „Пивтијада 2010„
Новиот кум на манифестацијата „Пивтијада 2010„, што по седми пат ја организира Здружението на граѓани „Карпино„ по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици ќе биде Мицко Дудучки.

Примопредавањето на кумството од минатогодишниот кум Зоран Павловски се изврши во сабота во ресторанот Грација.
- Кумството за мене значи лично задоволство, со кое даваме еден скромен допринос за зачувување на традицијата. Убава семејна традиција со сите доблести што ги носи традиционализмот и секојдневно ги применуваме во нашето семејство. Не случјно се рекло дека народот кој нема своја традиција, нема ни своја иднина.Времето во кое живееме имаме сестрано раслојување на општеството и затоа е погодно да се вратиме кон традиционалните семејни вредности, кои со векови се покажале како суштински и кавлитетни- рече кумот Дудучки.