Мени

Уапсен кумановец, возел со 3.56 промили алкохол во крвта

13.10.2025 13:33 | KumanovoNews

Полицијата привела 40-годишен кумановец затоа што возел во алкохолизирана состојба.
 

Уапсен кумановец, возел со 3.56 промили алкохол во крвта

„При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.С., и при преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,56 промили алкохол во крвта.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена пријави за
„безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.