Две пријави за семејно насилство – нападнати сопруга и мајка
07.04.2026 10:58
| KumanovoNews
Две жени биле нападнати вчера во два одвоени од сопруг и син, кои ги пријавиле во Кумановската полиција.
Во 08:00 часот, 33-годишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.Б.
Во 23:00 часот, полициски службеници го привеле Н.М. (53) од Куманово, затоа што физички ја нападнал својата 77-годишна мајка.
Во двата случаи, по целосно документирање, ќе следуваат соодветни пријави.