Експлозија на плинска боца предизвика пожар во стан во Куманово
02.12.2025 15:08
| KumanovoNews
Вчера попладне пожар предизвикан од експлозија на плинска боца зафати стан на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово, сопственост на 58-годишен жител на градот.
Како што информираа надлежните, пожарот избувнал во 18.14 ласот, а бил локализиран и изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово.Повредени нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
Регионалниот центар за управување со кризи соопшти дека причина за пожарот е „пукната“ плинска боца, од што бил оштетен и дел од кујнскиот мебел.