„Електрични оргазам“ вечерва на „Мото рок фест“ во Куманово
Белградскиот рок бенд „Електрични оргазам“ вечeрва ќе настапат „Мото рок фестивал“ на спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово.

Рок фестивалот по 16 пат го организира Мото клуб „Мечки“ од Куманово со поддршка на локалната самоуправа и спонзори.
„Во сабота, вечерта ќе ја отвори локалниот „Лектира“, возобновен бенд во чиј состав се двајца од старата постава и добар подмладок. По нив ќе се претстават белграѓаните „Ноќни путници“, следуваат „Сакис доволис трио“ од Грција и ѕвезди на вечерта легендарните „Електрични оргазам“, со нивните повеќе од познати хитови“, истакна Игор Тимчевски, член на мото клубот.
На првата фестивалска вечер синоќа настапи прилепскиот бенд „Крос роад блуз бенд“, „Прљави инспектор Блажа“, „Кљунови“ и „Д Солушн бенд“.
Освен бројна публика од градот и државата секогаш на „Мото рок фестивалот“ има гости од регионот.