Фатени кумановци кои краделе во продавница на „Октомвриска“
27.06.2024 12:38
| KumanovoNews
Полицијата привела двајца кумановци, кои 23 јуни извршиле кражба од трговски објект на улицата „Октомвриска револуција“ во Куманово.

Кај нив биле пронајдени одземените предмети и вратени на сопственикот. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.