Фрлена рачна бомба во двор на куќа во Романовце, не експлодирала
10.06.2024 10:37
| KumanovoNews
Во двор на семејна куќа во кумановското село Романовце била фрлена рачна бомба, која не експлодирала.

„На 08. јуни во 11 часот во СВР Куманово М.А. од село Матејче пријавил дека во дворот на неговиот зет Џ.Г. во село Романовце била фрлена неексплодирана бомба. По извршениот увид од екипа на СВР Куманово и полициски службеници од анти тероризам Скопје било констатирано дека се работи за рачна бомба Ф1. По насока на јавен обвинител истата била подигната и предадена за вештачење“, соопшти СВР Куманово.