×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Газдите да ги почитуваат мерките за заштита на работниците од високи температури

    04.08.2017 17:39 | KumanovoNews

    Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, од Куманово ги повика работодавачите да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство за заштита на работниците од високите температури, бидејќи државата се наоѓа во портокалова фаза.

    Газдите да ги почитуваат мерките за заштита на работниците од високи температури

    „Сите работодавачи се обврзани да ги почитуваат препораките на Министерсвото за здравство, дадовме и мобилен телефон и ги замолувам сите граѓани коишто имаат потреба да пријават, и дежурните инспектори ќе излезат на терен. Досега до мене нема ни една полака, но сигурно до Државниот инспекторат има, бидејќи знате дека многу тешко ни оди работодавачите да ги почитуваат одредбите, но многу е важно здрави работници, коишто се способни за работа и се потребни на Македонија и затоа е важно да ги заштитиме во вакви моменти и да се почитуваат препораките е моја препорака како министер, - изјави Царовска во Куманово.