Гласачкото ливче го доби конечниот изглед
12.03.2013 14:03
| KumanovoNews
Со жребањето извршено завчера во Државната изборна комисија, “Сојузот за иднината“ на гласачкото ливче ќе биде под реден број 42.
Потврдени се нивните кандидатури за градоначалници и предложените советнички листи за сите општини во Македонија, во кои влегува и Куманово. Во “Сојузот за иднината“ коалицираат вкупно 14 партии на чело со СДСМ.
Под број 1 е Фатри Салиу, канидат од НДП, под број 3 е независниот кандидат Виктор Цветковски од граѓанската опција “Кога ако не сега“, под 8 е Предраг Божичковиќ, кандидат од СНП. Под број 17 на гласачкото ливче е Ариф Латифи од ДУИ. На позиција 19 е Зоран Ѓорѓиевски, кандидат од ВМРО - ДПМНЕ, а на 22 позиција е Алил Куртиши од ДПА.

