Мени

Го нападнале и му го одзеле паричникот

21.11.2022 20:49 | Сузана Николиќ

Триесет и седумгодишен кумановец пријавил во полицијата дека бил нападнат и ограбен од две лица на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово.

Го нападнале и му го одзеле паричникот

Според СВР Куманово, на 20.11.2022 година, во 13.30 часот,  А.Р. (37) од Куманово пријавил дека две непознати лица физички го нападнале и му го одзеле паричник.

Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот.