Нападнале кумановец со секира поради нерасчистени долгови, полицијата ги привела
Двајца жители на кумановското село Биљановце се приведени под сомнение дека физички нападнале кумановец со секира поради нерасчистени должничко-доверителски односи.
„Вчера во 21:30 часот во село Биљановце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово привеле 46-годишен и 38-годишен жител на Биљановце. Тие се сомничат дека околу 13:30 часот, во дворот од семејна куќа, по претходна расправија околу нерасчистени должничко-доверителски односи, му упатиле закани на 46-годишен кумановец. Откако тој заминал со товарно возило, осомничените му го попречиле патот со друго товарно возило и физички го нападнале, при што едниот од нив употребил остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопшти СВР Куманово.
(фото.архива)