Го врзале на спиење и му украле 10 иљади евра
03.08.2013 12:16
| KumanovoNews
Жител на селото Стрезовце мината ноќ бил ограбен во својата викендичка, при што крадците однеле плен од 10.000 евра.

Три непознати лица влегле во куќата на Б.Ј.(59) од Скопје, кој бил инвалид, додека спиел, при што со парчиња завеса му ги врзале рацете, а потоа од под перница му одзеле несесер во кој имало 7.850 денари, 9.555 евра, мобилен телефон и др. Потоа побегнале и по нив полицијата трага. Вкупната штета е 601.000 денари.