×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем интерес за велигденските аранжмани во туристичките агенции во Куманово

    22.04.2024 14:22 | Оливера Пешевска

    Сите туристички аранжмани од понудата за пролетниот распуст и Велигденските празници се распродадени, велат од туристичките агенции во Куманово. 

    Голем интерес за велигденските аранжмани во туристичките агенции во Куманово

    Во последните две недели нема слободно место ниту за една дестинација на чартер летовите за 24 и 30 април, а при крај се и билетите за летовите на 5 мај. Претежно се работи за семејни одмори поради распустот на учениците, искомбинирани со Велигденските празници и деновите за избори. Пролетниот распуст на учениците започнува од 29 април. Први Мај се паѓа во среда и е неработен за сите граѓани, а 3 мај, Велики петок е неработен за граѓаните од православна вероисповед.

    „По правило најбарани дестинации се оние поскапите, подалечните, кои вклучуваат авионски превоз – Париз, Амстердам , Милано, Мадрид. Новитет во понудата се Скандинавските земји , областа Баскија во Шпанија, Португалија- Порто и Лисабон, во последно време се побарана е и Малта. За горенаведените аранжмани веќе нема ниту едно слободно место, а се уште има заинтересирани. Тука се и стандардните автобуски понуди- Сараево и Мостар, Букурешт, Будимпешта. Летото во април имало големо влијание на побарувачката за хотелско сместување во Грција, Турција. Изненадени сме од брзината со која се продадоа сите аранжмани“, истакна Драган Трајковски, сопственик на ТА „Импала“ во Куманово.

    Причина плус за патувањата се и летните температури во изминатиот период.

    „И неминовен факт е дека нашите луѓе сакаат да патуваат, да истражуваат, да посетат места на кои никогаш претходно не биле, сакаат да се опуштат и уживаат, без разлика дали се работи за туристичка прошетка или одмор на приморје, што е индивидуален избор на секој патник“, појаснува Трајковски.

    Тој очекува успешна сезона за стандардните дестинации, Грција како најпопуларна, или, пак, Турција и Тунис.