×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем пожар од Стари лозја до Туш, гореше сува трева, пожарот намерно подметнат

    23.06.2025 16:38 | KumanovoNews

    Повеќе од три часа кумановските пожарникари го гаснеа пожарот кој денеска напладен избувана во населбата Стари лозја, а потоа се прошири кон Средорек и „Перо Чичо“. 

    Голем пожар од Стари лозја до Туш, гореше сува трева, пожарот намерно подметнат

    Во гаснењето учeствувале 7 пожарникари со две возила, а помогнале и граѓаните бидејќи огнот се проширил на голема површина и се доближил до куќите.

    „Кај нас во 12.20 часот беше пријавено дека има пожар во м.в. Стари Лозја кај пругата, спроти КАМ-маркетот. Веднаш излеговме на терен, но огнот брзо се ширеше кон репетиторите, над Средорек и ул. 6 Април, поради сувата трева и ветрот.  Во 15.40 часот пожарот целосно го ликвидиравме. Во последните месец и половина ние секојдневно и по неколку пати интервенираме на оваа локација, огнот се пали намерно и мора да се спречи ваквата појава“, вели Даниел Илиевски, командир на одделение во Противпожарната единица Куманово.

    Тој апелира до ѓраѓаните да бидат внимателни и да не палат на отворено, бидејќи ја загрозуваат безбедноста на граѓаните и на јавниот простор. Дополнително во чад се души целиот град.  

    Екипите на Противпожарната единица во моментот се на интервенција на голем пожар во селото Ваксинце.