×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски доби покачување на платата за 78 отсто, службите уште не пресметале колку ќе изнесува

    17.05.2023 08:18 | Сузана Николиќ

    Зголемена плата за 78 отсто ќе добие и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, откако Уставниот суд донесе одука за одмрзнување на платите на избраните функционери.

    Димитриевски доби покачување на платата за 78 отсто, службите уште не пресметале колку ќе изнесува

    На последната седница Советот на Општина Куманово донесе одлука за измена на одлуката за извршување на буџетот на општина Куманово за 2023 година, со што се одобрени дополнителни средства за исплата на неговата плата. 

    Колку е платата на градоначаникот засега е тајна, бидејќи од Општина Куманово велат дека не е направена новата пресметка, а не кажуваат ни колку била досегашната. 

    „Согласно вашето прашање, ве информираме дека на градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, се уште не му е исплатена платата врз основа на одлуката за измена на Одлука за извршување на буџетот на Општина Куманово за 2023 и одлука за зголемување на платите на Уставен суд. По реализација на истата ќе бидете навремено информирани“, одговорија вчера од Општина Куманово на прашањата, кои ги испративме уште во четврток. 
     
    Одговор на прашањето колкава е платата на градоначалникот до март годинава, кое двапати го поставивме, не добивме.

    Луѓе кои работат во областа на финансиите велат дека не е можно досега службите да не пресметале колкава ќе биде платата на градоначалникот со покачување од 78 отсто, бидејќи морале да предвидат средства во буџетот за таа намена и да го предложат на Советот.   

    „Ако досега не му е исплатена плата по новата пресметка, тогаш разликата од 23 март па наваму ќе му се исплати одеднаш во мајската плата. Тоа не значи дека не се знае колку ќе му биде покачувањето. Пресметката се прави врз основа на просечната плата и коефициентот, но има и одредени поволности како субвенции и се додава и минатиот труд“, објаснува нашата соговорничка.

    Според Законот за плати на избрани и именувани лица, коефициентите за утврдување на платите на градоначалниците на општините и за градоначалникот на град Скопје изнесува од 2,70 до 3,70, и тој се утврдува според бројот на жители.

    За градоначалник на општина до 10.000 жители, коефициент 2,70, за градоначалник на општина од 10.001 до 25.000 жители коефициент 2,90, за градоначалник на општина од 25.001 до 50.000 жители, коефициент 3,20 и градоначалник на општина со над 50.000 жители коефициент 3,40.

    Најголеми плати имаат градоначалниците на општини со над 50 илјади жители, група во која спаѓа и нашиот градоначалник и таа изнесува 3,4 просечни плати.
     
    Според нашата груба математика, ако просечната нето плата за лани изнесува 31.859 денари а коефициентот е 3,4, нето платата на градоначалникот Димитриевски по ново ќе изнесува 108.320,6 денари, без додаток за минат труд, кој зависи од годините на стаж.
     
    Зголемена плата за 78 отсто земаат 1.060 функционери, претседателот на државата, премиерот, министри, пратеници,  градоначалници и др, и за таа намена до крајот на годинава од државниот буџет ќе се потрошат дополнителни 15,5 милиони евра.