×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Снегот од градските улици ќе го чисти „Чистота“, од населбите и селата „КООП Инженеринг“ (видео)

    22.11.2023 15:30 | Оливера Пешевска

    Оваа зима снегот на улиците во централното градско подрачје ќе го чисти ЈП „Чистота и зеленило“, а во населбите и селата приватната компанија „КООП Инженеринг“ од Куманово.

    ЈП „Чистота“ минатата година со кредит од Светска Банка подигнат од Општина Куманово доби нова механизација и опрема за зимско одржување на улиците.

    „Со новата опрема ќе имаме услови, капацитет и механизација да вршиме расчистување на снегот во централното градско подрачје. Имаме обезбедени количини на сол и ајсмелт средство, за одмрзнување кое ќе го нанесуваме доколку дојде до паѓање на снег. Временските прогнози најавуваат дека снегот се наближува наредните денови. Претпријатието е целосно подготвено и се надеваме дека она што ќе биде наша обврска успешно ќе ја извршиме и граѓаните нема да имаат дополнителни проблеми кога ќе падне снег“, истакна директорот Даниел Стојчевски.

    Согласно тендерската постапка обезбедени се количина од 120 тони сол, но во моментов се пристигнати 50 тона. Доколку во текот на наредните денови има врнежи од снег, согласно прогнозата, веќе од понеделник ќе се набават дополнителни количини на сол кои ќе бидат доволни за завршување на работата.

    Претпријатието располага со три специјализирани возила за фрлање на сол и расчистување на улиците, трактор со додатни плугови за расчистување и скип. Доколку се јави потреба имаат и булдожер-катапилар, кој ќе биде ставен во употреба.

    Согласно програмата предвидена од Совет на Општина Куманово, во првата зона спаѓаат булеварите Трета МУБ и Октомвриска револуција, улиците Народна револуција,11 Октомври, Гоце Делчев, Доне Божинов, Ѓорче Петров, Тоде Думба, Видое Смилевски Бато, и нив ќе ги расчистува „Чистота“. Јавното претпријатие има обврска да ги расчистува и плоштадите и тротоарите во централното градско подрачје.

    „Чистота и зеленило“ за ова работа од Општина Куманово има добиено 5 милиони денари и дополнителни 3 милиони за периодот од 15 ноември до 1 јануари, што во вкупен збир изнесува 8 милиони денари или 130 илјади евра.

    Населбите и околните села се под надлежност на КООП инженеринг, за кој од општината има предвиденора 4.1 милиони денари или околу 67 илјади евра.

    Снегот од градските улици ќе го чисти „Чистота“, од населбите и селата „КООП Инженеринг“ (видео)