Граѓаните да ги пријават штетите од невремето, повикуваат од Општина Куманово
27.06.2024 11:36
| KumanovoNews
Општина Куманово ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од синоќешното невреме во Општина Куманово. Тие треба да достават барање во архивата во кое ги наведат претрпените штети.

„Се известуваат граѓаните на територија на општина Куманово дека поради обилните врнежи од дожд и невреме, сите кои имаат претрпено штети, треба да го известат Општинскиот штаб за заштита и спасување со поднесување на барање за каков вид на штета се работи преку архива на Општината, или да се информираат на телефонскиот број за контакт 075/273-192“, соопштуваат од Општина Куманово.