×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожар, апелира Кризниот штаб

    10.07.2025 14:42 | KumanovoNews

    Граѓаните да не плат стрништа и суви треви, како и да не се фрлаат отпушоци на јавни површини, за да не дојде до појава на пожари, препорача Општинскиот кризен штаб(ОШЗС)  на вчерашниот состанок во Општина Куманово.

    Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожар, апелира Кризниот штаб

    Исто така, ОШЗС апелира до граѓаните да се воздржат од непотребни движења на отворен простор, како и да информираат за сите забележани пожари на отворени површини и сомнителни движења на лица, на дежурните телефони 193 и 112.

    Одделение за информирање и односи со јавност при Општина Куманово, во координација со МВР – СВР Куманово, секојдневно да ги информираат граѓаните преку медиуми, за тековните ситуации на терен, да испраќаат апели до

    Состанокот  се одржа за да се утврдат мерките и активности кои ќе бидат преземени по големиот број на пожари во текот на вчерашниот ден.

    „Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово има интервенирано на гасење на пожари на 13 локации, како и на гасење на опожарено возило при сообраќајна незгода. Интервенција е направена и во соседна општина. На дел од пожарите, интервенирано е и повеќе пати заради реактивирање. Од пожарите, причинета е материјална штета и на објекти и на површина со вегетација“, .