×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гужви за излез од земјава, на Табановце се чека 90 минути, на Пелинце 60

    10.08.2022 19:56 | Сузана Николиќ

    Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини попладнево е зголемен. На Граничниот премин „Табановце" на македонско-српската граница времето на чекање за излез од државата е околу 90 минути. 

    Гужви за излез од земјава, на Табановце се чека 90 минути, на Пелинце 60

    На „Пелинце" за излез се чека од 45 до 60 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

    АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.