×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Исчезна 37-годишна жена, полицијата со дронови го пребарува теренот во Липковско

    14.10.2025 22:22 | KumanovoNews

    Триесет и седумгодишна жена од липковско село е пријавена за исчезната, поради што во потрага за нејзино пронаоѓање се вклучила и МВР.

    Исчезна 37-годишна жена, полицијата со дронови го пребарува теренот во Липковско

    Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), пријавата за исчезнување пристигнала од полициски службеник на единствениот повикувачки број за итни повици 112. 

    „Од полицијата беше побарано ангажирање на дронови во потрагата. Од страна на ЦУК, веднаш беше информирано Министерството за внатрешни работи со цел да се вклучат дронови во акцијата за пребарување. Последната добиена информација е дека потрагата по жената сè уште трае“, соопшти ЦУК.