Мени

Исчезната жена од Цветишница пронајдена почината

03.02.2025 13:00 | KumanovoNews

Во атарот на селото Цветишница пронајдена е почината жена која се водела за исчезната од повеќе од еден месец.

Исчезната жена од Цветишница пронајдена почината

„На 2 февруари околу 10.30 часот во село Цветишница, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово ја пронашле почината С.К. (64) за која на 27 декември беше пријавено дека се оддалечила од нејзиниот дом. По насока на јавен обвинител телото е предадено на семејството“, известуваат од полицијата.