×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стево Пендаровски е кандидат на сите граѓани, кажа Костовски

    09.04.2024 12:41 | Теодора Стоевска

    Императивот во работата на секој политичар е да работи за народот и да го сплотува, а не да го дели.

    Стево Пендаровски е кандидат на сите граѓани, кажа Костовски

    Стево Пендаровски е граѓански кандидат, поддржан од граѓани, партии, здруженија, кој не е претседател под контрола и во сенка на една партија, или уште помалку продолжена рака на партиска доктрина. Тој е кандидат на сите граѓани, кажа Мартин Костовски од СДСМ на денешната прес- конференција.

     Тој вели дека главно прашање на овие избори е кој има визија за иднината, а кој продава магла, крева раменици, нема став и лови гласови во матно. Со СДСМ кумановци и Куманово се свои на своето, со Стево Пендаровски Македонија влезе во НАТО, Македонија ќе влезе во ЕУ, и се нуди иднина наспроти изолација.
     
    „Денеска во Куманово коалициониот партнер на градоначалникот со својот кандидат за претседател ќе има митинг. Должни се да одговорат на неколку прашања пред кумановци: дали со лажни анкети ќе биде Македонија горда, дали притворот на новинарот Салиу е добра “опомена” каков терор ќе се случува доколку повторно дпмне дојде на власт, повторно ли се испружи долгата рака на ДПМНЕ која не враќа во ерата на “груевизмот”, да потврди дека е многу опасно да се чепка во конспиративноста на вмровската организација, дали на вратата на кумановци повторно “чука” не дај Боже некој нов 9 мај и Диво насеље, некоја нова блокада, ново игнорирање и маргинализирање на кумановци и Куманово“, праша Костовски.
     
    Костовски ги потсети граѓаните дека во Куманово три години на власт е коалицијата на Максим и ДПМНЕ, а граѓаните живеат полошо, потенцијалот на Куманово го претворија во очај и апатичност, ветувањата во лаги, градот во касаба со раскопани улици,сообраќаен хаос, урбано насилие и брутална партизација ....