Избрани одборите за “Зафир Сајто“ и “Професор Мијалковиќ“
15.07.2013 11:24
| KumanovoNews
На последната седница на Советот на Општина Куманово, советниците ги избраа членовите на управниот и надзорниот одбор на “Зафир Сајто“ и на Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ“.

Во управниот одбор на Домот за стари лица “Зафир Сајто“ се: Светозар Стефановски, Горан Димитриевски, Розета Младеновиќ, Севдаиљ Алити и Фахрија Ајдини.
Во надзорниот одбор на установата се: Сања Јовановска, Викторија Бојковска и Али Далипи.
Во управниот одбор на Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ“ влегуваат: Дејан Костовски, Живорад Димковски и Орхан Амети.