Излезноста во вториот круг до 9 часот во Куманово e 2,13 отсто
02.11.2025 10:49
| KumanovoNews
Во Куманово излезноста до 9 часот во вториот круг за избор на градоначалник е 2,13 отсто.
Правото на глас го искористиле 1.980 гласачи.
На ниво на државата излезноста до 9 часот изнесува 2,88 отсто, при што своето право на глас го оствариле 22.379 граѓани, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко.
Во Куманово се гласа на 164 избирачки места, а право на глас имаат 93.889 гласачи.
Во вториот круг од локалните избори се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Право на глас на 1.771 избирачко место имаат 1.013.375 граѓани.






