Изложба на фотографии „Мајски салон 2017“
25.05.2017 08:05
| KumanovoNews
Фото кино клуб Козјак од Куманово организира клубска изложба на уметничка фотографија „Мајски Салон 2017“, во центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Изложбата се одржува по деветти пат, а ќе бидат изложени најдобрите фотографии на членовите на клубот за изминатата година. Истовремено ќе бидат прикажани фотографии од циркуланата изложба „Малиник“ каде што ФКК Козјак имаше свој удел во организацијата на изложбата.
Отворањето на изложбата е закажано за вечер (четврток) во 20 часот.