×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање
  • Политички маркетинг

  • Изложба на слики на Марјан Стојаноски во Куманово

    05.11.2025 08:28 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре со почеток во 19 часот, ќе биде
    отворена изложбата Асоцијативни апстракции на Марјан Стојаноски.

    Изложба на слики на Марјан Стојаноски во Куманово

    Се работи за циклус од дваесеттина слики работен во последните две години. Во делата доминираат мотиви на човечки профили, око, симболички знаци и геометриски структури што се преплетуваат во еден полуапстрактен, полунаративен простор. Тие не се приказ, туку ехо – одраз на мисловен процес што ја бара суштината на човекот меѓу духот и материјата.

    Марјан Стојаноски е роден во Прилеп 1983 година. Средно образование завршува во уметничкото училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје. После завршување на средно образование, се запишува на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во класата на професорот Ибрахим Беди. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Во два наврати е претседател на друштвото на ликовни уметници од Прилеп (ДЛУП) каде што во 2015 година, ја добива наградата за скулптура „Јордан Грабул“ од друштвото на ликовни уметници од Прилеп Има реализирано голем број на изложби, како самостојни, така и
    групни изложби. Живее во Прилеп, каде што и работи во Центарот за култура „Марко Цепенков“.

    Изложбата ќе биде поставена до 13.11.2025.