Мени

Изнесени над 50 тони ѓубре од дивата депонија во „Перо Чичо“

03.04.2026 13:04 | Сузана Николиќ

Над 50 тони отпад се изнесени од дивата депонија на влезот во населбата „Перо Чичо“ во Куманово. 

Изнесени над 50 тони ѓубре од дивата депонија во „Перо Чичо“

Екипи на ЈП „Чистота и Зеленило“ вчера во текот на целиот ден со механизација и камиони го собираа и транспортираа отпадот, додека утринава акцијата беше финализирана од страна на работниците.

„Отстранета е голема количина комунален отпад од домаќинствата, гуми и пластика, создадени од околните куќи, но и значителна количина шут, од кој дел е донесен од други локации. Ова е само една од 30-те акции што ги реализиравме во изминатите четири месеци, при што на депонијата ‘Краста’ се изнесени околу 800 тони отпад. Апелираме до граѓаните да се однесуваат совесно, да ја чуваат животната средина и отпадот да го одлагаат исклучиво на соодветни места – во контејнери и корпи за отпадоци“, изјави директорот Сашо Томиќ.

Депонијата беше расчистена и минатата есен, но веднаш потоа жителите од околните куќи продолжиле со старите навики.

По расчистувањето на дивата депонија на улицата „Веселин Маслеша“, акцијата ќе продолжи и на други локации низ градот.