Извидниците се подготвуваат за натпревар во Пелинце
18.04.2013 13:17
| KumanovoNews
Членовите на извидничкиот одред “Скаут“ се подготвуваат за традиционалниот републички натпревар за извидници, кој ќе се оддржи на 10 мај во селото Пелинце.
Оваа година ние ќе бидеме домаќини и овој период го користиме за подготовка за натпреварот кој не очекува. Екипите ќе бидат четиричлени, а учествуваат извидници од 15 до 23 години. Ни доаѓаат одреди од цела Македонија, гости од странство, обично од Србија и Босна. Натпреварувањето е во 12 дисциплини и тоа врзување јазли, решавање на топографски задачи, поминување на минско поле, цртање скици, културно - забавна програма и друго - вели Слаѓан Станковиќ, претседател на “Скаут“.
На тридневниот натпревар во Пелинце се очекува да учествуваат над 120 извидници.

