Мени

Јоана Сарафимовска нова директорка на Центарот за култура во Куманово

02.02.2026 17:30 | KumanovoNews

Јоана Сарафимовска е именувана за в.д. директорка на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

Јоана Сарафимовска нова директорка на Центарот за култура во Куманово

 Таа доаѓа на местото на Сашо Тодоровски, кој функцијата ја извршуваше два мандати.

Сарафимовска е дипломиран филолог по турски и македонски јазик и во установата е вработена како стручен соработник за драмска дејност. Назначена е од министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, а функцијата ја презеде на крајот од минатата недела.