Мени

Календарски започна пролетта – променливо време на стартот

20.03.2026 20:20 | KumanovoNews

Пролетта во земјава и на северната хемисфера започна денеска во 15 часот и 46 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи есента.

 

Календарски започна пролетта – променливо време на стартот

Првиот пролетен ден е 79-от во годината и траеше 12 часа и 08 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 37 минути, а зајде во 17 часот и 46 минути.

Пролетта ќе трае 92 дена, до 21 јуни во 10 часот и 24 минути, кога календарски започнува летото.

Денеска времето беше променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.

И утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Во почетокот на новата седмица ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд.