Мени

Кампања за безбеден автобуски превоз на патници и ученици во Куманово

16.09.2026 14:05 | KumanovoNews

Отсекот за превенција во соработка со Општинскиот совет за детското престапништво, започна кампања за безбеден јавен превоз на патници и ученици во Куманово.

 

Кампања за безбеден автобуски превоз на патници и ученици во Куманово

Кампањата е насочена кон сите фирми што вршат автобуски јавен превоз на патници, со цел да користат технички исправни возила и навреме да ги отстрануваат евентуалните дефекти.

„Апелираме до сите сопственици и возачи на автобуси, како и до сите што вршат јавен, меѓуградски, меѓуопштински и превоз на ученици, да се однесуваат најсериозно и навреме да го отстрануваат и најмалиот дефект, како и редовно да вршат технички преглед на секои шест месеци. Исто така, при меѓународен превоз на патници, пред секое поаѓање да се изврши детален преглед на автобусите, со цел да се обезбеди безбедноста на патниците. Целта е безбедно да се одвива сообраќајот и да се заштитат патниците што се превезуваат со кумановските компании“, стои во соопштението на Општина Куманово.

Оттаму додаваат дека за секој дефект како последица на технички неисправно возило, со кој се загрозува животот на патниците, ќе се преземаат најстроги законски санкции против возачите и сопствениците на возилата, односно против правните лица.