×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Ќе се отстрануваат времените објекти на „Табакана“

    05.05.2022 18:29 | Сузана Николиќ

    Општина Куманово започна постапка за отстранување на времените објекти на локалитетот „Табакана“, на потегот помеѓу улиците „Октомвриска револуција“ и „Пионерска“.

    Ќе се отстрануваат времените објекти на „Табакана“

    Се работи за педесетина објекти, кои на оваа локација се поставени пред 30 години. Тука се наоѓаат угостителски објекти, занаетчиски дуќани, продавници и канцеларии за административни работи.

    Земјиштето е во сопственист на државата, а според Деталниот урбанистички план на оваа парцела е  предвидена изградба на колективна стамбена зграда. 

    Од Општина Куманово соопштуваат дека барањето за отстранување на времените објекти е поднесено од Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природа, заради реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на Куманово за 2022 година, како и согласно План на програми за развој на Општина Куманово за 2022 година.

    „Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат при Општина Куманово ги известува граѓаните дека ќе отпочне постапка за остранување на сите времени објекти на катастарските парцели во државна сопственост со КП 14229/1, лоцирана на ул.„Октомвриска револуција“ бр.55 КО Куманово (локалитет Табакана) и КП 14204/1 лоцирана на ул.”Пионерска” бр.2 за КО Куманово (локалитет Табакана)“, стои во соопштението.

    Од Секторот за инспекциски надзор ги повикуваат сите правни и физички лица, кои ги користат времените објекти да се јават кај нив заради договорат за постапката за отстранување на објектите.

     

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk