×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се реконструира филтер станицата на ЈП „Водовод“, проект вреден 1,3 милиони евра

    23.02.2024 15:55 | Оливера Пешевска

    По 65 - години откако е изградена за првпат ќе се реконструира Фабриката за преработка на вода, која работи во состав на ЈП „Водовод“ во Куманово.

    Ќе се реконструира филтер станицата на ЈП „Водовод“, проект вреден 1,3 милиони евра

    Проектот предвидува замена на надворешната и внатрешната инсталација, реконструкција на базените и на самата зграда.

    „Сегашнава реконструкција ќе обезбеди подолг временски период да нема потреба од било какви вложувања во Филтер станицата. За тоа ќе бидат потрошени некаде околу 1,3 милиони евра. Тоа се доволно средства за комплетирање на целиот проект“, истакна Горан Митевски, раководител на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции,стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР.

    Реконструкцијата треба да започне до крајот на годината и нема да го загрози водоснабдувањето во Куманово, бидејќи фабриката за вода има неколку базени. Нема да се смени ниту начинот на прочистување- кумановската вода се филтрира на природен начин преку гранулација, кој е подолготарен и макотрпен начин, но е многу поквалитетен, за разлика од прочистувањето на други начини.

    Лабораторијата е комплетно опремена, и таму не се потребни поголеми вложувања или било какви измени.

    ЈП „Водовод“ Куманово веќе имале подготвен проект, но немале пари да го реализира. 

    Средствата за проектот ги обезбедило Министерството за животна средина и просторно планирање, проекти за атмосферска канализациона мрежа, отпадни води, води и преработка на води, преку кредит од Европската инвестициона банка.

    Враќање на кредитот е обврска на владата, а локалните самоуправи конкурирале со проекти што се однесуваат на прашања од животна средина.