Книжевен караван гостува во Куманово
05.07.2013 12:05
| KumanovoNews
Пред Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ до среда на штанд ќе се продаваат книги од три издавачки куќи.
Повеќето книги се за природно лекување, за билкарство, за народни лекови, а има и книги од духовна литература како што е Библијата. Имаме наслови од авторка од Америка, Елен Г. Вајт која е многу преведувана. Таа се занимава со темите за природно лекување, со педагогија, психологија. Луѓето се по одмори, знаеме каква е економската состојба, но сепак купуваат по нешто - вели Јовица Јосевски, претставник на издавачка куќа “Глас на реформација“.
Ваквите промоции и изложби на книги се прават со соработка помеѓу издавачите и Министерството за култура.

