Кокаин и хероин најдени кај двајца кумановци во меморијалниот центар Пелинце
16.06.2024 14:28
| KumanovoNews
Во Меморијалниот центар во с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, ноќеска во 4 часот по полноќ, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово привеле 29-годишен и 22-годише кумановец.

„Кај нив биле пронајдени кокаин, хероин и таблети. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.