Концерт на словенечкиот хор „Франце Прешерн“ во Куманово
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва со почеток во 19.30 часот, концерт ќе одржи словенечкиот хор „Франце Прешерн“ од Скопје.
Солисти се Серафина Фантаузо, Игор Гиновски и Ернест Ибраимовски. Диригенти се Томислав Шопов и Андреј Наунов.
Хорот „Франце Прешерн“ постои повеќе од 29години. Работи во составна Словенечкото здружение „Франце Прешерен“ во Скопје. Ја негува словенечката и македонската народна песна, уметнички песни на композитори на двата народа, како и композиции од ризницата на светската хорска и оперска литература. Со хорот редовно настапуваат реномирани уметници од Македонската опера и балет. Хорот често е присутен во македонскиот културен живот и значајно придонесува за зближување на двете култури – словенечката и македонската. Ентузијазмот на публиката, како на словенечката така и на македонската, пофални критики, висок ранг на фестивалите му даваат на овој хор секогаш поголеми димензии. Освен настапи во Македонија и Словенија, настапуваат и во Унгарија, Србија, Косово,Грција и Италија. Повеќе пати настапија на манифестацијата „Добредојдени дома“ во Словенија. Со музичките комедии „Васовалци“ и „Ковачев студент“, како и во фрагментите од оперета „Кнегиња на чардаш“