Конкурс за учество на изложбата „Самоуки 2026“ во Куманово
Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово го објави конкурсот за традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2026“, која е дел од годишната програма за изложби на установата.
Со конкурсот се повикуваат сите неакадемски уметници од Општина Куманово, на возраст од 20 години па нагоре, да земат учество со свои ликовни дела.
Секој автор може да конкурира со најмногу три дела по сопствен избор, при што темата и техниката се слободни. Делата треба да бидат соодветно опремени за закачување и изложување.
Селекцијата на пристигнатите дела ќе ја изврши стручна комисија при Центарот за култура, која ќе ги извести учесниците за прифатените трудови.
Рокот за пријавување трае до 26 мај. Приемот на делата се врши секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Изложбата „Самоуки 2026“ ќе биде отворена на 11 јуни 2026 година.