Kонтролa на аероклубовите, кои се оператори на спортските аеродроми, најави министерот Николовски
Во рок од најмалку две недели државните институции ќе извршат проверка на петте аероклубови, кои стопанисуваат со спортските аеродроми во Куманово, Скопје, Битола, Прилеп и Штип, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на денешната прес-конференција.

На седница на Влада усвоен е заклучок, со цел да се провери целокупното работење на правните лица, кои се носители на уверенија за оператори на спортски аеродроми, овластени од Агенцијата за цивилно воздухоплоство.
„Беше побарано да се провери правниот статус, на правните лица и начинот на нивно трансформирање. Затоа што се работи за Акционерски друштва, имотот со кој располагаат и правниот статус на имотот, односно начинот на стекнување, дали е наследен, стекнат, легализиран, нелегализиран. Се работи за аероклубот Скопје, којшто стопанисува со аеродромот Стенковец во Општина Чучер-Сандево во Скопје, аероклубот „Доне Божинов“ којшто стопанисува со аеродромот во Куманово, аероклубот „Мирко Тодоровски“ од Битола, којшто стопанисува со спортскиот аеродром во Битола, аероклубот Прилеп, којшто стопанусува со спортскиот аеродром во Прилеп и аероклубот Штип, којшто стопанисува со стопанисува со спортскиот аеродром во Штип“, вели Николоски.
Тој додаде дека треба да се провери дали аероклубовите ја задржале основната дејност или станале организатори на свадби, концерти, тим билдинзи и останати настани, како на аеродромот Стенковец или собир на моторџии на аеродромот во Куманово, или како во Битола каде пистата била приватизирана.