Мени

„Краста“ гореше и во текот на ноќта, пожарникарите со часови на терен

08.10.2026 09:12 | KumanovoNews

Кумановските пожарникари во последните 12 часа имале шест интервенции на депонијата „Краста“, а пожарот и чадењето продолжиле во текот на целата ноќ.

 

„Краста“ гореше и во текот на ноќта, пожарникарите со часови на терен

Во вечерните часови, пожарникарите интервенирале од 19:35 до 20:20 часот, од 19:47 до 20:25 часот, а потоа и од 20:50 до 21:45 часот, кога на терен биле две противпожарни возила и четворица пожарникари.

Гаснењето продолжило и доцна во ноќта. Од 22:10 до 23:15 часот и од 00:05 до 01:30 часот, а последната интервенција траела од 01:40 до 02:20 часот, повторно со две противпожарни возила и четворица пожарникари, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.