Кривична пријава за мајка која ја терала малолетната ќерка да питачи
        20.08.2025 14:55
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Педесет и шестгодишна жена од Куманово е осомничена дека ја присилувала својата малолетна ќерка да питачи.
                  СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.В. (56) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Според пријавата, осомничената ја злоупотребила својата родителска должност за грижа и воспитување на малолетното дете, на тој начин што ја принудила да врши работа која не одговара на нејзината возраст, односно ја наведувала на питачење.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



