Кривична пријава за обид за убиство, се пресметувале заради ваучер во казино
09.08.2024 11:38
| KumanovoNews
СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против 32-годишен кумановец, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело обид за убиство.

„На 08.08.2024 во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода напаѓачот. Тој се сомничи дека околу 03 часот во дворот од неговиот дом во Куманово, по претходна расправија околу ваучери за играње во казино каде двајцата биле вработени и физичка пресметка, со остар предмет му нанел убодна рана на 35-годишен колега. Тој бил пренесен во болницата во Куманово за укажување лекарска помош“, соопшти МВР.