×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична за двајца кумановци, нападнале сограѓанин со нож

    20.06.2017 12:14 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Т.(25) и М.П.(35), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

    Кривична за двајца кумановци, нападнале сограѓанин со нож

    На 11. мај годинава околу 16.10 часот на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово, додека пријавените се движеле со патничко возило „Цитроен“, го забележале Д.П.(23) од Куманово и без причина првопријавениот излегол од возилото и со нож го удрил Д.П. во пределот на главата, нанесувајќи му расекотина над левото уво. Во нападот се приклучил и второпријавениот кој, исто така, држел нож во десната рака и им се заканил на присутните лица да не се мешаат и физички го нападнал со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.