×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шест лица учествувале во грабежот на 150.000 евра во Куманово, петмина се во бегство, парите не се најдени

    15.04.2024 15:53 | Сузана Николиќ

     Македонски и косовски државјани го организирале грабежот на сопственикот на менувачница во Куманово.  Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Ц.(29) од Косово, В.А.(25) од Скопје, М.С.(31) од Скопје, Б.Ш.(33) од Косово, Д.К.(26) од Косово и Е.А.(32) од Скопје, поради постоење основи  на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. 

    Шест лица учествувале во грабежот на 150.000 евра во Куманово, петмина се во бегство, парите не се најдени

    „Пријавениот Е.А. на 21. февруари 2024 во СВР Скопје лажно пријавил кривично дело одземање на моторно возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот брат М.А. После тоа, на 15.март 2024 на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, пријавените со возилото „ренџ ровер“ удриле во возилото „фолксваген пасат“ на С.С.(63) од Куманово, по што со закана со огнено оружје му одзеле торба со вкупно 7.512.170 денари во разни странски валути“, соопшти МВР.

    Од истрагата дознавеме дека еден од учесниците во грабежот е во притвор, додека останатите се во бегство. Не се најдени ни парите. 

    Вооружениот грабеж се случи на 15 март во 20.20 часот, на ул. Доне Божинов, додека сопственикот на менувачница се враќал дома од работа. Напаѓачите му го пресекле патот, по што со закана со пиштол ги одзеле парите и побегнале. Во торбата имало разни девизи и денари во вредност од околу 150.000 евра.

    „Во 20.20 часот на улицата Доне Божинов во Куманово патничко моторно возило ‘ренџ ровер' со скопски регистарски ознаки удрило во патничко моторно возило ‘пасат’ со кумановски регистарски ознаки управувано од С. С. (63) од Куманово. При што, неколку лица пукале кон возачот на патничкото моторно возило ‘пасат’ и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле патничкото моторно возило ‘ренџ ровер“, соопшти тогаш СВР Куманово.

    Неофицијално, сопственикот на менувачницата бил следен со едно возило, а другото го чекало на половина пат до куќата. Откако му го пресекле патот излегле две вооружени лица, кои со рачка од пиштол го удриле во главата и му ја одзеле торбата од задното седиште. Потоа го запалиле оштетениот џип и се префрлиле во другото возило кое ги чекало. Со голема брзина побегнале кон излезот на Куманово.