Крводарителска акција по повод Неделата на медицинските сестри и акушерки
11.05.2026 15:04
| KumanovoNews
По повод Неделата на медицинските сестри и акушерки, ПауерТим во соработка со Здружението на медицински сестри од Куманово организира крводарителска акција со цел да се поттикнат хуманоста, солидарноста и свеста за значењето на дарувањето крв.
Акцијата ќе се одржи утре (вторник), во просториите на Модуларната болница во Куманово, во периодот од 11:00 до 15:00 часот.
Организаторите упатуваат повик до сите крводарители и граѓани да се приклучат на акцијата и да помогнат во спасувањето човечки животи.
Мотото на акцијата е: „Не можеме да спасиме секого, но можеме да спасиме некого.“