Крводарителска акција во манастирскиот комплекс Габреш
30.08.2024 11:51
| KumanovoNews
Во манастирскиот комплекс „Света Петка“ во селото Габреш во недела (1 септември) од 10 до 15 часот ќе се одржи крводарителска акција.

Организаторите, од манастирот „Света Петка“ ги повикуваат крводарителите и граѓаните да се вклучат во акцијата, и да дадт свој придонес во зачувување на нечиј живот.
Крводарителската акција се организира во соработка со Црвен крст Куманово.
Акцијата е во чест на Зоран Доневски Зајко, музичар, долгогодишне крводарител и еден од основачите на здруженито Коледари.