Кумановци не ја искористија можноста бесплатно да го изнесат кабастиот отпад од своите домови, слаб одѕив на акцијата
Мал број на граѓани изнеле кабаст отпад на пунктовите кои ги одреди ЈП „Чистота и зеленило“.

На локацијата на улицата „Тоде Мендол“ е соберен празен контејнер - што значи дека никој не исфрлил ништо од дома, а на другите 3 локации имало мал број на соберен смет.
„Граѓаните имаа исклучителна можност бесплатно да исфрлат се што им е непотребно во домовите, а не ја искористија. Сега повторно ќе наоѓаме покрај контејнерите и на улиците, ќе имаме дополнителна работа да го собереме кабастиот отпад во возила несоодветни за таа намена, или да ангажираме приколки за таа намена. Но тоа е наша обврска, но апелирам до кумановци да ги искористат можностите кои им ги даваме преку вакви акции. Само зеднички, со еколкошки освестени сограѓани, кои го селектираат комуналниот од кабастиот отпад и наша работа можеме да имаме чист и уреден град“, потенцираше директорот Ненад Стојановски.
Отпадот се собираше на паркинг просторот кај Пожарна станица, кај Градскиот базен, на локалитетот „Кошеви“ во населбата „Гоце Делчев“ и во населбата „Тоде Мендол“ кај место викано „Бараки“, во сабота периодот од 7 до 17 часот.
Тој сепак нагласува дека нема да застанат тука, за многу скоро време, следниот месец повторно ќе организираат вакви акции.